субота, 23. децембар 2017.

Бргу ќе не собори Вечниот Сон




Ете мили мои
Конечно клекнавме пред назабените ветришта
Кои прво восхитот ни го носеа
А сега кога ги нема само јадот остана
Не се грижете
Бргу ќе не собори Вечниот Сон
Та достојно со нашиот исконски идеал
Ќе ги смириме нашите измачени мозоци

Можеби,овде онде ќе остане некој сонувач
кој во грчот на времето со малку занес
нема да лачи злоба врз земјата
и ќе глаголи  покрај вејките кои само ќе се нишаат на ветерот
дека долга е раката на Родината
толку долга,што и Бесконечие може да се нарече
и напати повеќе со пискот,отколку рев ќе каже
сега талкаме по туѓи патеки
бараќи
вистината да и пресуди на лагата

ете мили мои
вие кои разбравте,ова е тешка навреда за вас
но разберете
не зборувавме со Јазикот на Љубовта
кој секојдневно излегуваше од нашите Очи

и се губеше секогаш во далечините.


Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...