четвртак, 28. јул 2016.

Сонот е најголемиот освојувач



Сонувај,и живеј буден во тој сон
И не се плаши од Судбината кога ти наплатува сурово данок
И кога суварка си станал,таа те предизвикува тогај
Погледнија,онака загатливо под клепките
и распливниги дните неродени што поблиску до Небото
запомни
во дамнешни времиња,и мртвите сонувале
сега не е така
ако не сонуваш,и месечината ќе ја глода зелена ‘рѓа.

Некој ќе речат,ова се случува само во Лилав Град
Каде денот е невидлив,и само во приквечерина со бледа сенка на себе е
А ноќта,волшебник кој ти ги покорува сите таинствености
И секој почеток,има свој крај
И ниеден миг не е скаменет
И волчјата глутница,на дожд танцува
А пциите,и гавраните,во пурпурот ве поздравуваат
Никој од никого не очекува одмазда,стравот е налегнат под камен
Сеедно е таму
Дали глаголиш со рапав глас воздишки на возбуда
Или зборови на непознат јазик
Се се запишува,во просторот помеѓу Тишината и Животот
И ова е запис од тоа време.

По заповед на еден прастар Бог
Сето ова ќе биде преведено на повеќе Јазици
Да го разберат,и безработници,и питачи,и калуѓери
И никој да не е веќе без спомени

Годините минуваат,не ги броете
Сонувајте се,жени,сколовранци,злодејанија,мечки,па и сласт
И свои врсници,и по некој душман,и Дабот како трепери
Понекогаш плачете
Такви се сега овие времиња
Идните,поинакви се
Душата е за Господа
Месото и коските за црнејцата

Сонот

Сонот е најголемиот освојувач на сета Светлечка слава


Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...