петак, 15. јул 2016.

Некој ме нарекуваат Темен Евангелист




Светата вода што ја пијам,со песни ме храни
Иако некој ме нарекуваат темен Евангелист
Признавам,понекогаш сум таинствен,и со русалки глаголам
За тајните неоткриени
И моите Смарагдни Светови како предвидувања ви ги кажувам
Така е подобро и за мене и за вас,барем ќе останете Безгрешни
И нема да го отфлите своето име
Но да знаете
Крвта темно се кикоти во мракот кога наслушнувам
За секакви преданија залепени на  Дробовите од Ноќта
Во пурпурноста,ги гледам призраците како темни дувла бараат
Несакаат да се разминат со Сонцето
Напати сето ова наликува како лавиринт на настаните кои ги следам
Иста ми е судбината,и кога молчам и кога зборувам
И за ова да знаете
Понекогаш собирам солзи,сеедно каде капнале
Ги плакнам со тоа сувите очи
На некој ќе му заличи тоа на калуѓерска молитва
Но ова ќе го кажам,овде и сега
Кога сонувам за Библискиот ден
Ноќите ми се млечни и бели
Соновите со златна срма се порабени
И коските тогаш не шкртаат како суварки
Во тој ден
Книгата на времето е читлива и разбирлива
Ако верувате во Воскрес,и во судбина
Тогаш од сето ова трепката од десното око ќе ви затрепери

И ќе видите како јавач на ветар ве симнува од распетие




Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...