понедељак, 11. јул 2016.

’Рѓа на Животот




Станав пепознатлив помеѓу скитниците поради тебе
Кои етеги сега гонители сурови се
Од Бездна рипаа,и во неврат одеа,за мене зборуваа
Без болскот во очите сум ти бил
Од кој само црни веди летале во небесата
И со тоа сакаа до мртвиот час да ме доближат
И клопчето на завиткани пеперутки да ми го украдат
Имаа свои правила и свои закони
Кои задгробната раса им ги кажуваше
Сега
Нивнито безумие
И нивниот страв на непознат јазик ќе ви го кажам
Ако сте пркосно исправени пред сопствената Судбина ќе го разберете

Од нивните врели ноздри,лакомоста по крв како шурки тече
А тие се лелеават,прво глодаќи се себеси
Потоа и неродените часови
И бегаат постојано од планински сончевини
Во безгранични облачни темнини
Каде најбедното обличие на страв ги бодри
Сопственото предавство во одмазда да го создадат

Јас ќе се вратам во сопствената лушпа
Спремен за атак
Или поинаку кажано,имав спогодба,вие разберетого
Вечен сојуз со Вечноста ќе го наречам
Некои го толкуваат како Анатема темна

Овде правдината е многу нејасна
Вие бидете сведители или судии

За ’рѓата на животот не ги стори јалови вашите мигови.


Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...