четвртак, 7. јул 2016.

Сонот го изгубив




Сонот го изгубив уште поодамна
И незнам зошто сеуште месечината ѕирка во пукнатините на мракот
Зарем и неа ја ја измачува безгласниот ѕвер
Но ајде,сепак ќе и се насмевнам
Несум разбојник и таа го знае тоа
Некаја спокојно нека диши,
И малку ќе ја погалам,несакам да знае дека сум осамен
Ни пак да разбере дека сомненијата ме раскинуваат

Нема да и кажам
Си одам
Зошто е мртов мојот утрешен ден
До врвот на спилите по заобиколен пат сега ќе одам
Несакам да ги стретнам изминатите столетија попат
А и ѕверот претпоставува дека ќе се случи тоа

Сиот вриеш од минатото ќе го оставам кај безимените сенки
Со него оро самовилско нека играат околу дива јаболкница
Си одам
Вистинскиот белег од судбината веќе ми е фтиснат на градите
Време е




Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...