недеља, 10. јул 2016.

Не Брзајте




Почуствувајте се на само еден миг како Пророци
И загатката решетеја моја
Еден цел живот е долга
Кажетеми за таинствената девојка
И незиниот невидлив лик
Знам дека е некоја Чудна Богомилка
Се спровира низ крвта со сознание на неродено утро
Напати е тежок сон од кој неможам да се будам
Напати е мирис сличен на Јасминот кој се залепил на нејзините гради
Понекогаш шепоти врело и возбудува правеќи ме бесилен

Почуствувајтесе навистина почуствувајтесе како Пророци
И пресоздадетеги бездните во долини зелени
И тогаш пискотот на ветерот ќе прилега на воздишка
И ќе го повика,знам ќе го повика нејзиниот невин мирис

Но заборавив
Со непрозирна сенка сте препокриени
Со лицемерие го криете стравот
Избегнуваќи го секојдневното душевно вознесение
Совет,не би дал
Но сепак,во мртвиот час не се радувајте
Ќе ве закопа во рамнодушие без никакво милосрдие
Не брзајте сега,секој има свој крст на грбот и своја судбина на дланката
Само сакав да се почуствувате малку поинаку

Како Живи Пророци.


Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...