уторак, 12. јул 2016.

Не те разбирам




Те обзема одмазничкото безумие
Претвораќи го гневот и горчливоста во праведливост
Кое корен има во тајниот живот твој
Лежиш во своја правдина на западната сенка
Со закон кој не ти го напишала судбината
Не те разбирам
Сакаш да заличиш на Светица,а го будиш гробникот
Надеваќи се дека утринското сонце ќе ти ги прекрие облаците
Не те разбирам
Бараш сешто,недобиваш ништо
Но обземена од темниот глас
Мафташ со иднината пред сите,правеќи им така болна треска
Не те разбирам
Јаваш во виорот на ноќта
Каде,оживуваш некои споулавени сеќавања од младоста
Слушаш ли
Пеат гавраните во пурпурното утро
Ја пеат твојата песна со грч,за криковите кои те чекаат под мраморот
Не те разбирам
Ревиш,неслушаќи ги злокобните поројници
За твојот живот од вчера,за твоето пеколно денес

Но молчат,молчат за твојата иднина.


Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...