понедељак, 11. јул 2016.

Ранет Орфеј



Се родив кога се раѓаше и времето,
Бев само безимен скитник кој низ времето се провлекуваше,
Слободен како што е слободен секој облак на небото..
Ноооо..
Ете падна и на мене проклетството на вечноста,
Останав заробен во тоа проклетство
Кое секогаш прво блаженството ми го даваше,
Потоа низ болка го пресликуваше…
Несакам да се нурнум во просторот на старите сонувања…
Знам повторно ќе се изгубам во длабочините на твојот поглед,
И повторно ќе сум ранет Орфеј
Кој  го бара блаженството во твоите милувања…
Евеме под сводот на Бисерната вечност,
Завиткан во седефастата надеж
Надеж
Која секојдневно ме теши дека не сум заточеник на верноста
Ни пак слеп роб на Љубовта…
Па со таа мисла во предворјето на времето чекам
И напати само скриен поглед ќе фрлам во огледалото,
Гледаќи го таму одразот на ликот
Пресликан некаде во некои магливи сеќавања…
Навистина си најубавата Евридика
Која во своите галии си ги сместила сите твои цветови
Што Љубовта ти ги подарила
Та пловиш и мамиш
И во таа волшебна пловидба го спојуваш сонот и јавето…
Јас…
Јас стојам некаде сокриен позади некоја оштра спила на камен брег
И тажно ја пеам најтажната симфонија на срцето
Ги затегнувам крвнички нежните жици на харфата
Повторуваќи го само единствениот рефрен…
Јас ќе живеам

Носеќи го во рацете светиот грал празен…


Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...