понедељак, 15. октобар 2018.

Химната на Љубовта и Животот




Незнам дали да ја отпеам грловито на Пладне
Или тивко,тивко на полноќ
Химната на Љубовта и Животот
Зошто некако знам
Дека вие лажни црвени Буржуи
И Големи лицемерни лигави Поданици на Христа
И мене,како и другите пред мене
Мад мадскара ќе ме сторите
Не оставаќи ме да ги напишам сите природни тонови на бојата
По недогледното синило
А потоа со младото лудо ветре да заскитам по вжештените покриви
Каде се кријат сите погледи кон далечните ѕвезди
За најсетне во чекорите да ги втиснам
Нотите во кој се вградени сите мириси на Љубовта.

И стариот Атанас,кој липса како куче на плочникот од Градот
Ја нудеше својата прегратка секому бесплатно
Со солзите им ги замиваше на сите валканите дланки
Не раскажуваше никому за избледените спомени
Туку играше секогаш танго со папсаните соништа
На музиката која му ја свиреше Месечината
Ете,замина ,замина Атанас заедно со Виножитото
Без да го разберат сите дека ја пееше секој ден Химната на Љубовта и Животот.

Незнам,навистина незнам дали ја отпеам химната
Или да оставам рапавиот ветар да скита по вашите испукани усни
Каде се сокриени сите ваши несреќи
И залудни потраги по совршенството.







Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...