среда, 30. новембар 2016.

Јас немам право да плачам



Ми остана само вриежот во крвта
Од кој можеби само Ангелите ќе се стоплат
Ама ,ете
Јас немам право да плачам
Зошто?
Телото е на земјата
Душата е на Бог
А солзите
Чии се
На Очите ли ?
Кој е таму за да си сринат
А и да се сринат
Камен на камен ли ќе паѓа
Или вода во вода
Ги гледам
Плачат Галебите на брегот
Препокриени со антеријата на Месечината
Малку им завидувам
За липтежот
Сакав уште нешто да кажам
Но вкочанети се,премалени се усните
Сеедно

Јас немам право да плачам


Нема коментара:

Постави коментар

Песна во чест на сите курви

Кои гребат по рамењата,оставаќи траги длабоки Кои те тераат да останеш заробен помеѓу нивните бедра Да тие Кои се чуден спој на ...