недеља, 26. фебруар 2017.

Ако Бев



Ако бев само една капка
Мала
Од росата утринска,или пак од бурата полноќна
Дали и тогаш ќе паднев некаде случајно
Носеќи ги со себе песните од сите таласи на морето
Кои се создаваа со ударите по спилите оштри
Во кој беа запишани
Сите покајнички молитви од животот

Ако

Ако бев една снегулка
Мала
Од големото јато кое се пласти тивко,нежно
Дали ќе ја имав моќта тогаш
Да ги прекријам сите тајни,сите лаги,сета омраза,и
Криви патеки на вистината,оставаќи само
Девствената белина да владее.

Ако

Ако бев скитник
Убав или грд,со лити партали,и малку тага
Со чуство дека сум на погрешно место
Во погрешно време,меѓу погрешни луѓе
Се прашувам,дали и тогаш ќе посакав,ете така
Чисто од Љубов,да го извадам моето срце пред вас
Додека вие со бодежот го целивате.

Ако

И оваа ноќ замини,и ништо не се случи
Тогаш барем со моите уморни прсти ќе насликам слика
На едно уморно попладне,празна улица
Со малку светлост
Во кое го играат своето последно танго
Капката утринска со снегулката мала.



,



Нема коментара:

Постави коментар

Ако некогаш

Ако некој ми рече Дека сум изрод Македонски Јас ќе му речам Дека е кодош,роднина на Јуда И така тој нема да се налути И така...