петак, 16. децембар 2016.

Налудничав Ден

Надвор е налудничав ден
Во кое сивилото се влечка по улицата
Со малку мирис на мемла
И по некоја заскитана сонлива сенка
Која посакува пролетни ветриња

Ама,енеги во тоа сивило
Осамените Боеми
Да не поверуваш
Клекнале,и тагуваат за вчерашниот ден
Држеќи во рацете  здравствена книшка
Во која им пишува на латински
болни од осаменост
забораваат дека и ѕидови околу нив постојат
та решиле малку налудничаво
галерија на души да направат
со нејасни ликови
и крвави срца
за Галеријата смислиле чудно и смешно име
Кажетени што е тоа Љубов

За сликите измислиле уште почудни имиња
Некорисен грев
Тивок очај
Темна возбуда
Неславно раѓање
Осамено умирање
Чудно,чудно,се е овде така чудно
И малку налудничаво

Но сепак,да ве утешам
На малку исповеден начин
Не очајувајте толку
Осаменоста е како цвеќе
Не процветува покрај гнев
Или мртво срце
Биди спокоен и мирен
Па иако си осамен
И цвеќето ќе ја запознае твојата убавина.
Не сум Боем осамен ако мислевте
Јасно ми е кој сум
Сфаќам каков сум
Сроден сум со ова небо,и земја
И налудничаво не правам галерии.



Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...