субота, 28. мај 2016.

Нов Облик

Премалениот заод седна на каменот,сакаќи така да ги одмори своите последни мигови,и во тие мигови го гледаше Човекот.
А тој..Започна со Света Вода,донесена од камен Манастир,да ја плакне  кожата од сите наслаги на стравот..ненадејното искушени што ми се укажа..да биде Нов Сплавар на сплав во бескрајна вода,каде што нема брегови,не се испушташе..но сето ова  за некој друг свет беше..но ако..ионака од него истекуваше животот небаре е воздух кој бега од балонот одврзан..чудно..се согласи,и не чуствуваше болка..дробовите се отвраа на илјада места,срцето ја црташе најубавата права линија..па дури и три сенки што ја следеја сета таа негова создадена хроника,сега се морничавеа,беа слични на три облаци кои ги носи ветерот,ту ваму,ту таму..кутрите,како да знаеа,дека хаотичната љуња што им се навестува бргу ќе ги однесе во коридорите на заборавот..и пред нивните чељусти,ќе стражарат Ангели со пламени мечеви..само во нужен настан ќе им дозволат да пцалаат по малку..но како и да е,не е ова Приказна за нив..
Под чудно влијание на Месечината,ете тој,Човекот кој секогаш ја дочекуваше на прозорот во своите излитени ,но свилени пижами,и секое нејзино враќање,ги ширеше своите прегратки,небаре се најголемите Орловски Криља,и ја милуваше..така нежно,што и таа палната ќе се разнежеше од сето ова,та како најубава  нимфа ќе легнеше на кратко на неговата дланка....
Но,што се случи,кој ќе знае..
Стоеше вечерва на Блаконот и само молчеше,негледаше во сводот полумрачен,само напред,да напред во далечините гледаше и мрмореше..
-да,тажно е,но кога се мора,се мора..тажно е што да се прави..
Збеснатата самопрголасена Корална Ѕвезда,која скиташе каде ќе и текни,од ова побесна целосно..
-како смее да замине,така ненајдено..навистина се истопи многу бргу,но сепак неговите бескрајни ведри погледи мене ме држева во крепост....ете што било во прашање,сега од што ли ќе се дембелее оваа Корална Ѕвезда....сувите длабочини под нејзината скриена свест  ја гризеа со живи вртежи од ова сознание..ќе мора,ќе мора конечно да се покори на Бескрајот,бидеќи ќе го нема сонувачот..и таа ќе биде уште една обична ѕвезда во непрегледната низа..
Го заборавивме повторно Човекот зарем не...тој и понатаму стоеше на Балконот..и го гледаше новото раѓање на младата ноќ,некаде од срцевината на времето непозната рака и за него му пријде нудеќи му го најубавиот грозд на кој беа наредени најубавите кристални соништа.и со глас кој беше сличен на Чучурлига му кажа..
-Брести слободно,од кристалноста на овие соништа ќе станеш Бесмртен,и ќе можеш да патуваш многу илјадници миљи далеку за миг,ќе можеш да отидеш таму каде се е необично,но исполнето со живот..ќе можеш да ги видиш најубавите фиданки на младите милениуми како се раѓаат..
-знам не спијам,а Ти што глаголиш не си Бог..но сепак Кој Сум Јас.
-ја бараше Вистината,онаа вистина која ја знаеше уште во првиот миг на твоето раѓање,но ја заборави кога се роди твојата прва желба..точно е Јас не сум Бог..но сепак ќе ти кажам..конечно го совлада стравот од неминовноста..сега ќе ја спознаеш повторно заборавената вистина..не еважно што ќе стане со тебе,вистината е што ќе остане по тебе..
-да молчам ли
-сеедно е..и да врискаш..неминовноста доаѓа..

Од самото јадро на тишината дојде новиот облик.

Чернодримски

Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...