уторак, 31. мај 2016.

За едно Добравечер




Во самото предвечерје
Додека семожните соништа се будеа
Етего повторно Печатот на Времето  се втиснуваше
Чекаќи го замислениот поглед
И редовното Добравечер
Да одекне во меѓупросторот на Двете Срца.

Не,нема да има Бури од сето тоа
Ни пак Громови ќе маваат
Мирисот на дождот  Ветрот ќе го одвее
Ќе биде само она Добровечер
И се мразам себеси што Молчам

Молчам за да не те изгубам
Беше само шепот посакуван
А ти,Молчиш зошто изгуби,остануваќи со болката
Остана само редовното Добравечер.

Спасиго својот свет
И никој за тоа нема да знае
Дека е така,ќе дознаам кога,
Можеби некој заскитан Гавран само за тоа ќе пее
Но Јас,постојано,тука,
Мислев дека Љубовта е закована на каменот
А таа само се криела во темните долапи на Душата.

И повторно молчам
А толку сакам да заплачам
Толку многу,се додека не се удави молкот
И не се засрамам од темнината
И не се појавам во Светлината
Ете толку сакам да плачам

Да
Ќе кажам Добравечер
Можеби
И снегот кога ќе паѓа
И ќе ја пишувам обичната Приказна
Сосем најобична приказна
За едно Добравечер

Чернодримски







Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...