субота, 6. мај 2017.

Ќе заминам утре како Безимен



Ќе го врежам моето име во каменот
И ќе заминам утре како Безимен
А вие гледајте секој ден во она што беше вчера
Бараќи го моето постоење

Мојата потреба во здружението на кипови заврши
Непотребно е да кажувам збогум
Можеби ќе патувам на Југ
Некаде каде што и птиците одат
Будеќи ги фрагментите на времето неродено

Некаде прочитав
Дека желбата е пола живот
А рамнодушноста е пола смрт
Ете гледате,сеуште имам желба
Вие останете рамнодушни тука

Сигурно ќе одам.на Југ,каде светот бил црно бел
Но боите на дните сеуште се на моите дланки
Зборуваат дека таму никогаш не умреле
Ни Јесенин,ни Пушкин,и дека
Хамлет бил Насмеано Момче
Додека ги гледал како Ромео и Јулиа танцуваат весело

Сега простете
Ова искривено време само болка создава
Ќе го отварам прозорот
Со месечината да се поздравам
И некаде пред полноќ
Ќе го врежам името на каменот.




Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...