четвртак, 4. мај 2017.

Нахранетего Пирејот



Вечерва,некаде пред полноќ
Ќе ги поканам Гавраните на последна Гозба
Од чемерот кој остана по сите мртви денови
А потоа.се ќе биде без значение
Така не ќе бидам должник
Ни на земјата,ни на парчињата судбина што останаа
Ќе им заглаголам само...
Не ме оплакувајте,туку вашата песна
Исклесајтеја со клуновите на мраморот како Епитаф.

Аште има време до заодот,каде виорите на метеж
Не оставаат ништо на случајноста
Па ни прикриеното поругание
Недаваќи ми ,за последен пат
Да сонувам свое Евангелие.

Утешение ми е
Што нема барем да се спровирам низ замрсени мисли
И што се радував на танцото од Русалките многупати
И што конечно сенките ќе се одморат некаде во мугрите
Без да ги стискаат тупаниците до болка.

Во идната Пролет
Пред да легнат горештините и на височините
Сететесе дека моите гревови тежеа
Исто толку колку вашите изминати дни
И пред да се распостели лачот на Сонцето
Вие испраскајте малку Света вода на земјата
За да го нахраните Пирејот распослан.





Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...