уторак, 23. мај 2017.

Бојата на Душата



Додека патуваше во ништавилото
Каде беше се тажно и пусто,животот ги палеше свеќите
Правеќи така патека на покајание
Не мене,туку на мојата душа
Јас бев тука,таа беше таму,скиташе низ болките
И се грчеше заедно со бескрајот
Имав толку сила да и кажам само два јалови зборови
Прости ми
И да се склупчам во клопче,исто како во утробата на Мајка
Кажуваќи си себеси,неутешна молитва
Ми недостасуваш
И денес,во оваа обезличена Недела.

Не се изненадив
Што надвор повторно капеа црни капки дожд
Што бунарот на заборавот клокоти со адска сила
Што ќе морам повторно да пиам чај од пелин тревки
И да мрморам зборови
Против сопственото постоење
Разберете
Не сум загрижен што мелахонијата ме обзема
Ни пак се грижам што курвата до мене рапаво воздивнува
Ми недостасува
Ми фали
Потребна ми е сега,токму сега
Душата
И сите нејзини Бои
Да се капам во тоа Боженствено Виножито
И повторно како некогаш
Пред полноќ да се прегнуваме
Во пурпурот да се насмевнуваме
Околу пладне да се радуваме
Пред зајдисонце да танцуваме

Разберете
Не глаголам во мигов
Моите празни ноќи да ги наполните со вашите монотони утехи
Не глаголам во мигов
Моите шупливи дни да ги потполните со вашите лажни прегратки
Ни пак од забава да,
Да ги штипите ветерот за да завива со волчји глас
Ни пак да ме замивате со Света вода

Глаголам во илузијава
Седеќи на исушена трева без никаков мирис
Душата,душата да ме слушни
И блесокот на секој нероден миг да го врати.









Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...