среда, 3. мај 2017.

Не би можел да живеам без Поезиата




Не би можел да живеам без Поезиата
Зошто таа ми е се
И болка,и здив,и насмевка
И светлина,и тишина,и следен мој чекор
Но
Но и мое Проклетство е
Кое ме пара во вените
Кое ме носи до работ на бездните од пеколот

Понекогаш
Само понекогаш е молитва која се раѓа во душата
И патува до Бескрајот
Само понекогаш
Е Љубов која малкумина ја разбираат
А уште помалку од нив
Можат да се носат со таа Љубов.

Не би можел да живеам без поезиата
Зошто таа секогаш за мене го гради
Мозаикот на совршеноста
Каде моите очи се полни со надеж
Додека ги чуствувам нејзините нежни зборови насекаде
Околу
Во ноќта
Во денот
Низ времето кое минува со својата неминовност.

Понекогаш
Ете така како дете,пробувам да не ја слушам
Но се лути,меретната
Рушеќи ги планините
Тераќи ме така
Повторно да погледнам во далечините
Каде повторно Пролета заминува
А Поезиата е тука
Секогаш
Околумене.
Не би можел да живеам без поезиата
И кога го пиам киселото вино
Кое секогаш е како амброзија
Додека таа е во мене.



Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...