субота, 11. јун 2016.

Небеше воопшто виновна Судбината




Небеше воопшто виновна Судбината,кога застанав пред Огледалото,чисто онака да поразговарам со својот одраз..го гледав незаинтересирано,и покрај тоа што наликуваше на Бескрајна приказна која постојано се обновува во тој простор,небото,незнам,од оваа страна од мојата мислам беше сивопепеласто,а таму,од другата страна на таа за многумина непостоечка врата,беше некако плаво,овде онде имаше и малку смарагдна боја,покрај тоа небо,се вртеа милион години кои носеа со себе потоци од непроменлива енергија...наликуваше на еден добар сон,за секој случај ги занишав посилно мислите во виугите,ги натерав да се јават,и како доказ дека ме разбираат им кажав,заѕвонете како заборавени црковни ѕвона...а тие во некој чуден хор извикаа..Вистината Победува се...замолчив..да..оставаќи ја и понатаму тишината да создава безди помеѓу нас...проклетство,етеме повторно со мојата мелахонија,можеби е виновен малку и дождот кој надовр паѓа,или нотите на Вивалди кои одат на Радиото..но одразот,да одразот малку се насмевна..Јас молчев а тој се смее..Вистината е,рече низ насмевката..таму каде што твоите очи ја чекаат,месечината се раѓа..а таму каде што твојата душа пишува со перото од Белиот Лебед,небото ги отвара сите врати на Љубовта..а потоа,силно се насмеа,што малку фалеше од тоа громогласно смеење да пукне Огледалото...навистина Судбината не ми беше виновна кога застанав пред огледалото.


Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...