четвртак, 9. јун 2016.

Ново Чекање





Зачнува тишинава некое ново чекање
Тераќиме повторно да ја прегрнам силно болката
Сказалките на Часовникот,гледам повторно стојат немо
Додека сенките наоколу,како разулавени вешетерки се смеат на глас.

Не се борам повеќе со брановите на судбината
Бидеќи  сите досегашни раѓања,беа само увертура за ноќните умирања
Колку што се сеќавам,понекогаш само се заблагодарувам на небото
Правеќи го така кругот на скитање во уште една мала вечност.

Неверувате во сите овие нејаснотии
Но знам како тишината злокобно шкрта по пожолтените и суви коски
А мртвата Љубов,катадневно пишува по испуканите усни
Ете таква е секоја ноќ која не го носи мирисот на свежо искосено сено.

Би направил мала пауза,но негледам никаква смисла од тоа
Потрошеното време се рони брзо
Би дишел побрзо,но бесцелно е,соништата не се раѓаат веќе
Би спиел,па макар и неспокојно,но тишината шепоти..чекај







Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...