понедељак, 20. јун 2016.

Си бил еднаш еден Човек



Мојот заборавен здив,етего повторно се насмевнува
Малку цинично
Од парчињата на огледалото што се распрснаа насекаде
Мислев дека е проклетство
Но којзнае можеби одразот тоа го стори
Сето ова,овој чуден миг
Е само една недопирлива вистина
Или повторно една голема лага,завиткана во плаштот на вистината.

И повторно
Матното чуство ми ја однесе насмевката од младоста
Сакав да ми биде за секакви прилики
И маѓија силна употребив за да ја измамам
И го совладував времето низ криви патеки за неа
И круг пламен нацртав со Вселенско срце внатре
Венец од сончеви зраци и припремив
И одежда истакаена од месечеви нишки и исткаив
И се нурнував,пак,пак,во нероденото време
Го крадев стивнатиот звук на молњите
И бев сведител,како од мене се оделува лачот на темнината

Но ете
Небило пишано,мирисот на годишните времиња да го мирисам
Од вкусот на животот да се сладам
Прозирниот двојник,да,тој со призрачен одраз
Меѓу мртвите ѕидови се провлекува од сите страни
Напати е со грч,и без насмевка
Минуваќи ги патеките на безживотноста низ лавиринтите на свеста
Велми напати,божем ќе ме подучувал
Ама кога ќе се вудвоса надве,лутица од очите блуе
Знам каква е иднината,но сепак ќе се одречеме од неа
Таков е кога ломоти напразно
Ќе ја оставиме само росата на клепките
Таа ќе се огласува напати за тебе.

Дали верувам во чуда
Не
Ама ,сепак поплитко закопајтеме за да го чуете крикот на одразот
И за секој случај глогов колец во срцето ставетеми
Да не цутат барем отровни капини на земјата.

Небото
Да небото знам ќе напише насекаде околу
Си бил еден човек
Кој сега од глобочините на минатото ве гледа.









Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...