среда, 8. јун 2016.

Го продадов мојот свет





Знам дека постоиш во некој свет
Каде не стигнуваат писмата за мртвата  Љубов
Некои рекоа тоа биле парчиња од моето срце.

Со горчлива насмевка пробувам да се одвикнам од тебе
И никогаш повеќе на земјата да не пишувам тажни стихови
Незнаеш,Ангелот како греби со криљата по небото,кога плачам.

Ма не верувам Јас во Љубовта веќе
Но ете,понекогаш треперам на полноќ
Тогаш,сум премногу детињаст,и сите илузиии во ставрност ги гледам.

Еве сега,ќе седам на прагот,чекаќи ја месечината
Останаа некоку капки мастило во мастилницата,и перо сеуште нефрлено
Ќе напишам писмо до Дедо Мраз,иако е лето,ветерот ќе го однесе со лисјата есенски.

Не ја убивам досадата со оваа песна
Ни пак рутината ме тера
Го продадов мојот свет,затоа можеби скитам од небо до небо.






Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...