петак, 17. јун 2016.

Како да станеш Сонувач




Ако сакате навистина да станете Сонувач
Размислете добро,уште еднаш,па уште еднаш
Потоа,кога веќе сте решиле
Започнете да танцувате со ветерот
Да блескате силно и топло како сонцето
И почнете вистински да бидете само случаен минувач во животот
Не се плашете од кобта која ќе ве гризи одвреме навреме
Или чудните погледи на непознатите минувачи
Но
Треба да знаете
Ѕверот кој живее во дамарите ќе ве однесе во Самотијата
Каде душата ќе му изгради Величенствен Дворец од солзи бисерни
Тој дворец да знаете
Многупати ќе паѓа,вие ќе го изградите,повторно,повторно
Не се плашете
Ќе научите тогаш да крадете од минутите,кратки мигови на одмор
Кога ќе ја допирате Љубовта
И оној дел од себе што не сте познавале дотогаш
Ете само да знаете,ќе бидете птица која лета до Бескрајот
Ќе бидете напати Дете кое ја знае смислата на постоење
Кое не се плаши да ја измине празнината,и да ги прелета бездните
Заморот ќе го презирате,стоеќи долго со насмевка на дождот
Би имал уште многу да ви кажам,но сега треперам од среќа
Чекаќи исто како светилникот на ртот,жена
Која повеќе се смее отколку што плаче
И храбра,па дури и на Смрта да и се насмевне во лицето

Не се каам што ви раскажав како да станете Сонувач

Вие како сакате,така разберете.


Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...