субота, 11. јун 2016.

Нацртајтего небото







Нацртајтего небото
Онака како што постои и во соништата
Трепетливо пред изгревот
Со малку тага во заодот
Нацртајтего небто
Потрошено без пламен во себе
Ете така изгледа во Проклетијата

Нацртајтего небото
Без тишината во себе
Заградено само со безвременоста
И допретего со дланките,исполнети со живи мигови
Нацртајтего небото
А потоа трепнете само со зеницата од окото
Ќе видите,сите негови пространства ќе ве заслепат со светлина

Нацртајтего небото
Нежно,само со мислите
Ако незнате како сето ова да го направите
Качетесе на Покривот од Светот
Таму се сите волшебни кутии
Ги оставиле во Почетокот на сите Времиња Старите Богови.




Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...