субота, 4. јун 2016.

Заветот го исполнив




Готово е
Заветот го исполнив
Проклетството ме напушти
Сепак размислувам,вака
Нема повеќе да бидам роб на Копнежи
Знаете,сега сум постар за Пет столетија
Вчерашниот живот беше Беда
И многу отровни дождови
А денес
Денес раскошна прегратка со стихови
И за денот и за ноќта
И за мојот праисконски прв Живот.

Несфатливо,како старите мисли сум ги плодел
Сум ти бил
Исповедник на осамени распуштеници
Или со други зборови
Бесцелен лет кон длабочините
Ете
Зад нивните маски живи беа само очите
Без никакво спокојство во душата
Ах,во нивната крв никогаш не го видов
Просторот на Тајните Галаксии
Како ли
Со нишките на несватливото ме врзувале
И со суви грмотевици ме Благословувале.

Готово е
Заветот го исполнив
Проклетството ме напушти
Сепак размислувам ,вака
Старата латинска книга е пред мене
И два правилни триаголници
Не,проповедник на чуда нема да бидам
Ни пак ќе ви кажам за старите Вавилонски записи што ги имам
Ни пак како ја стретнав Смрта
Патем
Следниот ден ,што не е роден,по заодот
Умствено во него ќе го позлатувам стихот.

Ете толку
Заветот го исполнив
И проклетството ме напушти.

 Чернодримски






Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...