петак, 10. јун 2016.

Ноќен Монолог





Понекогаш помислувам дека и воопшто не живеам
Дека и воопшто не постојам
Дека сум само некој туѓ лош сон

Но кога ќе го добиам чуството дека и вистински постојам
Тогаш видливото и невидливото се мешаат
Правеќи ја ноќта во вечна ноќ
А денот во една голема бесмисленост

И тогаш осознавам
Слободата е само една изолација во место
Или поинаку кажано роб на правила кој не копнее

Ја презирам сега Судбината
Ги троши немилосрдно спомените
Ги голта лакомо деновите

Понекога,само понекогаш вистински помислувам дека не постојам
Којзнае можеби само се помешало Апсурдот и надежда на едно место
Којзнае..владее тука тишината,и ова е само дел од ноќен монолог.



Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...