недеља, 5. јун 2016.

Поразен Сум





Зборовите почнаа да бегаат од мене далеку,далеку
Додека Јас со сув шепот  и кажував на земјата
Поразен сум
И немам сила веќе да отидам во прегратките на Светлината
Ја напуштам играта,бидеќи не се простува Предавството

Малку ќе бидам зол,само малку
Нема да бидам претерано суров
Не,нее ова закана
Ми треперат усните,ми треперат рацете од ова
Во утробата ми прскаат мали вулкани
Ова е тој проклет час на безизлез

Музи
Не се подбивајте повеќе со мене
Ви бев понизен,понекога и беден слуга
Се топам
Наскоро може и да ме нема
Оставете на мира покрај моето срце нека мине танкиот ветар
И птиците на моето небо се умориа од летање
Не успеав
Поразен сум
Со мојот последен проштален  здив
Закопајтеме на Месечината

Наскоро сите закони и сваќања ќе ја изгубат смислата
А потоа вселенските длабочини ќе се отворат
Неполнетеги засега со празни илузии
Поразен сум
Очекувам само Божја прошка за каењето.





Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...