понедељак, 13. јун 2016.

Аманет




И оставам Аманет на Судбината,нека чопка во пепелта што остана
И на јасник нека се препокрива со надежта
Не ја тешете,Бакарна кожа има,чудесната топлина ќе ја морничави
Сонував долго за оваа Слобода.

Ова не е откритие на некојси лажни пророци
Вистината е ваква....
Беше  моја тајна спогодба со светителите крај овие пролетни поројници
Очите тогај ми се препокриаа со влага,ова е конечниот ден,глаголев
Веќе не ртеа сомненијата,крвта зовре,и,чудоредијата се редеа.

Се збогував синоќа,и од глобочините и од животот
Затоа ли не ми верувавте,или мојот неспокоен скитник ве плашеше
Сега знам дека стивнаа и големите ветришта кои висеа закачени на неспокојот
Молкум ги бројам ѕвездите кои останаа,и ги слушам со занес камбаните

Од времето скршив мало парче,каде ги следев сите предели неизодени
Чудно,бев непознат плод кој се радуваше во сончевите лачења
Одвреме навреме се слевав во светлината
И со врисокот на сојките ја отварав кожата да диши
Солзите,напати беа врели,напати беа солени,брзо испаруваа во небесата

Ќе ви се доверам
Ако ја слушнете ноќта како пука
Да знаете обземените од покајание реват
Којзнае,можеби и тие на Судбината аманет и оставаат
Да бев Жив,ќе ви потврдев дека е така.









Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...