уторак, 14. јун 2016.

Распетие




Баравте од мене бесконечието да го однесам во неврат
И,на сечието малоумие да му дадам обличие
Не прашавте тогаш,зошто под линијата на животот
Зошто,ги бришам сите шупливи спомени.

Аште имате иднина
И нека тоа ви го направат вашите ветришта
Та нели ги дембелеете спулавено
Бездруго молкнете,можеме да се сурнеме во бездна без дно.

Јас ќе ја земама само голата душа
Ќе ја заградам со суви лескови ветки
а стапалките што ги правев на водата
нека еден ден сведочат за браздите кои ги копавте.

Не
Не покажувајте војчји заби
Белким така подолго ќе живеете
И злото нема да ви ѕирка во душата.

Јас се насмевнувам,го допирам сребрениот крст,потоа воздивнувам
Поплачи земјо со мене,зреевме заедно,и збогатиме со болскот
Не ќе не натиснат неразумни Богови,кои од смрта се плашат
Се зареков,ти носам зрно песок од пустината,оплодиго.

Не подадовте раце со покајание во себе
Нејсе,јас смислив една игра
Ќе ткаам нежни нишки со месечева свила
А вие со свилата врзетего вашето проклетие.

Не молвам веќе
Кркори животот позади мене
Еднаш ме заклавте со Љубовта ваша
Еднаш ме погребавте со омразата

Нели
Тешко е да се носи распетието сопствено.






Нема коментара:

Постави коментар

Дали ова навистина е Љубов

Ти не плачи,само насмевнисе И помисли за денот Кога ќе се стретнеме Таму каде што Сонцето никогаш не заоѓа И ноќта никогаш н...