субота, 4. јун 2016.

Зошто дилемата уште е преводник





Зошто Мајко
Проѕирната ѕвезда од преданијата
Повторно сега ми ги слика спротивностите на небото
И ме носи пред огледалото на вистината

Затоа ли сега треперам во бранови
Во бел простор меѓу седум столбови
Јас мислам дека не стигнав далеку ,Но мојот одраз
глаголи дека сум бил пишан во заборавени преданија

Зошто Мајко
врз моите идни дни легнуваат магли густи
а водите,подземни и надземни ми ги миат сеќавањата
и зошто веќе не го слушам ехото во себе.

Затоа ли сомневањата не се криат по суводолици
И зоната на Очајот веќе не е во тајност
А притаениот копнеж чекори малку папсано
Нели ова беше минатото,бездруго иднината е розова.

Зошто Мајко
Не болувам веќе по неа
Зошто дилемата  уште е преводник на многу нејаснотии
Зошто...зошто...зошто






Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...