субота, 18. јун 2016.

Пусто Човечки Останало




Првиот студен и малку злокобен бран низ телото
Ја отвори границата помеѓу злото и доброто
Правеќи испуканите усни да се развлечат без молитва
Не е ова некое големо откритие
Но,не го смири немирот во очите за утринската омарнина
И во искона било вака
Кога само ќе се вкочанеле премалените раце и нозе
Правеќи пладнето да се скамени
Останувале само сеќавањата и по некој кадрав облак
Или сонот,заборавен во некој далечен настан

Ама ете
Аште тоа му преостана,да заглаголи за зелена месечина
И да кркори под сводот на маглите кои се креваа во виугите

Не бев роден Кобната Птица да ми чопка во утробата...нели
Не бев роден да глаголам зборови на Чудотворец.....нели
Не бев роден да носам кожа на пес самотник...нели
Не бев роден да наследам Кобна реликвија во лик на жена...нели
Не бев роден да глодам скаменети корки леб.....нели
Не бев роден покрај понорници да спиам...нели

Ама ете
Законите на одржувањето на животот го покорија
Блуеќи му ја пред нозете смешната утеха

Смрта до пладне раскинува еден митник и една божем набожна анама
Откако ќе им ги покори очите,и ќе им ја впие душата
 Имињата на прагот од опустениот дом ќе им ги избрише
Дотогаш,презрејго ти сонцето во твојата одаја и верувај како другите
Дека сознанието на живите секогаш завршува во пепелта на мртвите

Потоа
Со благ израз на ликот пред кој и небото ќе ти се покори
Со болскот во окото започниго оној чудесен пат
За вечниот оган те оплодува меѓу сите ѕвезди кои болскотат

Ама ете,пусто Човеки останало
Првиот студен и малку злокобен бран низ телото
Ја отвори границата помеѓу злото и доброто
Правеќи испуканите усни да се развлечат без молитва.





Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...