понедељак, 20. јун 2016.

Кога Љубовта ќе стане Омраза





Кога Љубовта ќе стане Омраза
Тогаш стануваш затвореник во самотните окови на Животот
И суров гонител на мртвите спомени
Сонуваш ради реда,а годините изминуваат
Многу побрзо отколку што тече водата во брзакот

И се жениш со мртва душа,која те гледа само стаписано
Се смееш со бабуњосани усни,со некој безимен скитник
Радуваќи се на неговиот пекол,што е поголем од твојот
И постојано го тешиш и него,и сите,и себеси
Животот е само едно големо наказание

Веројатно омразата во себе
Прави кружна вдлабнатинка во земјата
Ете тогаш го правиш ритуалот на исконското проклетство
Го проколнуваш Адам за Едемскиот грев
И двојникот на Сонцето
Што прво така величенствено те носел на првиот цвет од младоста
Да потоа ти ја покажал најрамната линија на земјата

Не бараш туѓ восхит
Само привидна раскошна Библиска Сцена
Каде малку споулавено бегаш,па потоа се враќаш
И шепотиш пред другите
Единствениот Бог на иднината е во Темнината

Не,не,не кажуваш кога се кикотиш,џвакаќи некои мигови празни
И некои испреплетени молитви на покајание,ама без значение
И пиеш голтка,за упокоените,голтка за живите
Незнаеќи,за кого е виното вода,а водата вино

Зарем не е така
Омразата е најдобрата претплатена соба во пеколот
Каде гордо се јава во неврат
И нема нели покор на огнениците кои ордите на лелекот ги будат

Во идната година можеби небескиот болскот ќе не созрее
И ќе се родиме со пролетните пупки,разбирајќиго значењето на Љубовта
Но простете ова е година без никакво значение
И никој тука не е господар на судбината
И нема жив сведок кој ќе потврди дека е вака,или поинаку
Простете,Јас морам да се вратам во собата
Знам некој ќе ме праша...кој ја создава иднината
Се е измислено..за нив никој никогаш не слушнал
Се стемнува
А осојните долови рикаат повторно со Црна Вода
Ќе ја пиеме,што да се прави.







Нема коментара:

Постави коментар

Пробај да заплачеш

Пробај да заплачеш Исто онака Како што секогаш плачевме во оние денови Кои небеа дождливи Знаеш Земјата не го бараше тоа о...