среда, 8. јун 2016.

Така Нека Биде



Се воспостави хармонијата помеѓу стремежот и сонот
И така ги натера сите тајни да се оплодуваат меѓу себе со магиска светлина
Не е ова некој празен религиски запис
Но победата од сето ова се изедначува со бескрајното небо.

Приливот и одливот на времето малку помогна
Сега моќта е над сите можности
Ѕирнете и вие ако сакате во невозможното
Слободен е пристапот за сите кои го заборавиле минатото.

Навлегуваме во иднината,ве канам со виорот на трансот
За секој случај земетеси по една паричка
Којзнае,можеби скеларот ќе ја побара
Да знаете,среде горештини,ќе ткаеме со ветриштата стории чудни.

Се збратимивме со Двокрилните Серафими
формулата нивна на кожата ни ја втисната,тешко дека ќе ја дешифрирате
со окото на душата гледавме,воскресите низ времето патуваа,небеа прозирни сенки
аште,аште само ќе претпоставувате,или предвидувате или ќе раскажувате празни претпоставки.

Мислете вие дека матното вино ме занело,или црниот облак ме збрлавил
Бевме,еден Човек,еден Ангел,еден Чудак,и еден Пророк
Прво го славевме пеколот,потоа го допревме Рајот,скитавме по Светот
Не огреа и Црно сонце,и бевме во Вечниот мрак,но се извишивме над се.

Ако навистина поверувате дека влеговме во вителот на времето,тогаш ја видовте голата вистина
Нема епилог од сето ова
Но некаде оставивме таен магиски запис
Врзуваќи го јазолот на животот и смрта на едно место...Така нека Биде.





Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...