уторак, 28. август 2018.

Душата на Спиридон




Честопати Спиридон,кога одеше по улица,гласовите што тој само ги слушаше,знаеа да го сопнат,ете така ,одеднаш ќе му сплеткаа меѓу нозете,и ќе се испружеше кутриот,колку што е долг и широк,а беше и долг,и широк..со малку исушена кожа,која повеќе наликуваше на штавена,и ќе земеше да реви безгласно,криеќи ја болката која утробата му ја риеше...ах Спиридоне,Спиридоне,ќе прошепотеа соседите тогаш низ погледот..те закла Судбината под грклан,та сега ни одмаздата не ти мила..

Сетне,ќе станеше,пцуеќи онака старечки,сочно..што месото налепено на коските не му се смирувало..па пак како ништо да не било,ќе загазеше низ легната тишина..

Ете тој беше Спиридон,Човек со влажни клепки и седум осум животи втиснати на дланките,знам само кога Љубовта му го забоде ножот во грб,од дланките му се лизнаа,три четири животи одеднаш..карши него останаа неколку гаврани гозба да си прават со црнилата кој му се цедеа,и сколовраниците кои будалесто скокаа..

За душата негова ли сакате да знаете што се случи..пустошот ја отера во сеќавањата да скита,и напати небаре е роб негов,ќе легнеше до него,и ќе ја гледаа само занесено Месечината..е де..само ја гледаа..знаеќи дека ја изгубиле сета топлина..

Некои кои незнае дека е тоа душата негова,ломотеја низ сокакот дека е тој близнакот на Спиридон,малку полит од овој кој го знаеа,и дека дошол од преку море,но потоа мирисот на спржалена  кожа ги бунеше,а така мирисаше душата на Спиридон,и таа кутрата се грчеше напати кога петиците го болеа..чунки од таму излегувала...

Туку ајде да ве оставам на мир,можи сакате да спиете..ќе турам грст пепел на местото каде што седевте,сенките да не ви ја намирисаат дирата ,та и вас да ве најдат,и ве потиснат..



Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...