петак, 24. март 2017.

Не ми замерувај




Дојде и тој ден
Повторно да те видам во Бело облечена
Додека Јас седам
Карши карши тебе на облакот
Не ми замерувај
Што ги замолив Небесните Харфи
Ете сега да свират
Во твоја чест
Би сакал
Да навистина би сакал
Моите криља да ти подадам
Да се одмориш
Но,не ми замерувај
Скршени се одамна
Ќе го замолам само ветерот
Да ти каже Добредојде

Ќе измине
Да ќе измине еден цел Еон
Овде во проклетијава
Додека ги соберам сите парчиња од мојата душа
И како некогаш
Да се радувам.

Дојде и тој ден
Повторно да те видам во Бело облечена
Додека Јас седам
Карши карши тебе на облакот
Не ми замерувај




Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...