недеља, 14. август 2016.

Се сетив на Марија,сеедно која Марија



Во задот се пластеше мракот
Ветерот го ронеше времето полека без болка
Додека Јас,со безумната Беспомошност
Ги прескокнував пеколните Бездни
Итаќи кон иконата на Марија
Која
Сеедно која е Марија

Учев тајни Јазици,за моќна молитва да кажам
Овде сум во ноќните шепоти.
И пишував писмо со скаменети прсти
Сведител сум на она што не се случи
И не го слушав разумот,и не ја гледав вистината
Можеби ме мрази,или ќе ме намрази
Но ете,ја сонам,како ме ослободува од тежината.

Ми го осветли ликот,и ме праша вчуденевидено
Марија
Зошто уште си пленик
И зошто со девет вериги душата ти е окована
И зошто си се заколнал на покорност
И зошто воздивнуваш кога те гонат

Марија
Не издржа срцето,крвта,и секое жилче на снагава
Ми се лизна песната од тоа во суводолица
Мојата сенка е сега пред мене
И наздравува со моите клеветници
На славољубието
Сега
Сеедно е сега во овој заод
Што се сетив на Марија

Сеедно која Марија


1 коментар:

  1. Да, сеедно која Марија но, не е седно кој пишува :) Прекрасно
    МЈ

    ОдговориИзбриши

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...