четвртак, 11. август 2016.

Повторно на Кејот



-зарем повторно е потребно да тргам во испрплетени кругови кои само се заплеткуваат меѓу себе..
Мислите етеги започнаа да течат во своето водотечение,низ сите виугу,додека течеа,не ја забележував свесноста која беше околу мене..
-чичко,повторно ти зборуваш чудно и неразбирливо..
-ооо малото изгубено пријателче повторно ме најде..како си...ајде прво за почеток..
-знам што ќе ме прашаш,дали сум гладен...
-точно,гладот не ја признава никогаш ни светлината на денот,ни пак ја засакува темнината на ноќта..значи,твојот одговор е..
-гладен сум,и тоа многу,многу...и е насмевна,исто како што се насмевнуваат сите скитници,искрено,без ниедна задна намера позади таа насмевка..
-евети пари,и купи,купи што ти сака срце,за мене нека биде еден обичен бурек,а затебе,што сакаш....
Ги зеде парите и замина,рибарот кој седеше во близина,малку недоверливо ме погледна.
-да сум на твое место,не би му верувал на тој мал ѓавол...
-знаеш пријателе,ако од оваа река,земиме еден грст вода,и таа вода ја истуриме на земјата,колку ќе го направиме поплитко нејзиното корито,а колку ќе биде среќна земјата со тој грст вода...а...молчиш,нели...зарем мислиш дека 300 денари ќе го сторат него богат човек,а мене сиромав...не..но јас знам дека дека денес некој негов мал сон ќе биде стварност ќе видиш кога ќе дојди...и гледај,нема да ја сокрие радоста
Ја запалив цигарата,и оставив чадот да ги освојува височините,телото да ја потполнува празнината во секојдневието,а јас во возвишеноста која малкумина ја гледаа,се искачив чекаќи ги и денес спомените кои во себе го носеа миисот на свежа искосена трева,кога ноздрите вистински започнаа да се шират,знаев дека веќе доаѓаат,наредени еден по друг небаре се најдобрата воена формација...ете повторно си тика,како дожд кој има мирис на праска,птица која пее слично на Ангел,имаше во тие спомени илјада и еден облик кој го сакав,и пловев во таа возвишеност,држеќи ги затворени очите...се до оној момент кога малата рака го притисна моето рамо...малиот безимен скитник беше повторно тука..кога ги отворив очите,да не ја видов неговата широка насмевка,го видов насмеан како стои Ангелот...опкружен со својата златна светлина....беше малку задишан ,но задишаноста неможеше да ја сокрие неговата радост која бликаше низ црвенилото на неговото лице...
-се вратив...и седна на камените скали од речното корито..ја отвори кесата,и започна д аја вади содржината...евего бирекот за тебе,за мене зедов хамбургер,и тоа Биг..тоа биг го кажа одважно,небаре го освоил Мон Блан,па сега на светот му ја кажува најголемата вест..и  купив чоколадо Милка...ама не е само за мене,ќе го делиме..започна да пребарува во внатрешноста на џебот,вадеќи ги ситните пари...ова е остатокот..
-остави,нетреба д ами враќаш кусур....сега да доручкуваме потоа ќе разговараме.....
Еднаш во една Бајка,овој лик го гледав како Петар Пан,со лик на возрасен,а очи на дете...така и сега додека го гледав малиот пријател како лакомо јаде од сендвичот,знаев дека секогаш неговиот детски поглед ќе остане...беше јасно дека сендвичот беше преголем з анего.
-остави не с епрејадувај,остави за подоцна....
Кога веќе бевме сити,и тој замолчи,гледаќи во тивките бранови...но сепак желбата за чоколадото беше поголема од сите молчеви погледи...
-сега на ред е чоколадото нели..весело извика...
Го извади омотот,и гледаќиме скрши еден ред коцки подаваќими,
-ова е за тебе...
-благодарам,но ние имаме и сосед нели..
-а,да,и за него има...стана,носеќи кон рибарот еден ред на коцки од чоколадото...
Останатиот дел започна слатко да го јади,се до еден момент кога остави добар дел од чоколадото,го завитка и го стави во џебот.
-тоа е за подоцна нели,го прашав.....
-не тоа е за мојата помла сестра,а и остатокот од сендвичот е за неа...сега морам д аодам бидеќи таа е гладна а јас сум сит....ако си тука ќе дојдам подоцна....
Стана и со брзи но сигурни чекори се упати во старата чаршија.....
Го погледнав рибарот,кој малку засрамено молчеше
-сега пријателе,које  Ѓавол а кој е Ангел во денешнава приказна...
-незнам,навистина сега незнам што да ти одговорам.
-јас знам само едно...Човек се раѓа како добар или зол..тој што е добар,и највалкната животна кал,никогаш неможе да ја извалка неговата чиста душа,а тој што е зол,и најблескавото златко неможе д аја прекрие неговата темна душа..ете тоа...понекогаш е доволно некого да го погледнеш во очите,и веќе знеш што е пред тебе....
Сакаше нешто д акаже рибарот,но го прекинав кажуваќи му ја последнат реченица место збогум

-денес пријателе сум побогат за 300 денари...за тебе незнам...


Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...