среда, 3. август 2016.

Цицлеста Анама




Ве слушав како на неколкумина од вашата дружина им раскажувате
Дека напати во својата вообразеност,сум бил поголем и од Богот Зевс
А во ноќите сум ги завлекувал прстите под ленени кошули на Блудници
И сум бил постојано со загатливо сомневање под клепките
И божем без воздишки сум бил
И со дека со жолти дукати сум го поткупил Поп Цане да ми ги прости гревовите
И повторно зборувавте,и тврдевте колнеќи се во вашите затворени очи
Сте ме гледале со Ѓаконот Антимон како правам пијанка во Манастирскиот двор
Дека ми никнуваат лилави крилца на грбот,и тие ноќи ми биле кучешки

Ех мили мои
Вие зобајте и понатаму од сопствениот скрб
И насладувајтесе на својата надмоќност
Јас сум таков,и како мртовец ќе бидам таков
Со необичен сјај во очите,кој ќе ви го поматува вашето блебетење
Јас сум таков,без целувка на челото од Натемаго
Кој се ведне пред Пролетна Месечина
И пие од шурките Сребрена Вода

И да знаете,Мили Мои
Од утре
Ни слепо,ни чкулаво нема да ги гледа вашите замрсени гревови
Затоа уште денес,локнете уште некоја лочка крв од мене
и однесетеи  некоја капка на Цицлестата Анама
додека ја чека смрта
нека пишува на каменот со капките мои.





Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...