петак, 12. август 2016.

Црн Воскресеник



Црн воскресеник,кој беше убиен во некое сказание
Зеде да им суди,заедно со стариот монах
И на сенките,и на ѕвездите,и на модрото бесконечие
Според законот на злодејот
Не ги одминаа ни тие што се крстеа
Ни пак тие што се клештеа под месечината

Прво,никој не сонуваше дека ќе се случи тоа
Само некои,со очи бабуњосани за тоа претскажуваа
Во себе,за себе
И претскажувањата,по беспатици ги расфрлаа
Ама ете се случи
Тогаш,кога и звукот се збигори

На запад,да знаете позади пустината
Папсана блудница,со секнати боски,сега и за роса сонува
Бладаќи псалми без никакво значение
А Јас
Во оваа ноќ,која само глода и од мракот и од мене
Велмам
Бев грешник,и сум грешник
Меѓу живите ме знаат како мртовец
А мртовците бегаат од мене

Нејсе
Црниот воскресеник ја распара утробата на мракот
Посеа сенки насекаде
Кој грчот во неземски грч го правеа
И млекото кај леунките го секнуваа
Од сето ова
Неброените столетија со болка заревија
И песјиот пород се јави
И би така
Како што пресудија
Топеќи ја и сенката на ларвата

Ова време
Знам
Веќе ни мртвите очи нема да го видат веќе.






Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...