субота, 13. август 2016.

Покајание



Небесата воздивнаа,и ја исцедија сета тежина
Со придушени татнежи уште во изгревот
Сега знам дека никој нема иднина

Баба Перса,селската вештерка
И трисегодишна вдојца,од зад планините се огласи
Низ чинките свои,кои како песна пискава ни ги кажуваше

Можете да зреете,како тесто,се до пладне
Потоа очите и молитвите ќе ви кажат дека сте споулавени
Та во заодот,месото ќе ви остане,коските ќе ви ги земат

На полноќ,трговецот со души ќе дојди,пазаќ ќе прави
Берете памет,вашата прва рожба ќе ја бара
Каменот ќе оживее,содомската душа во него ќе ја видите.

Вашето малоумие ме натера сега да ревам
Имињата не ви ги знам,но ве паметам кога на семето плукавте
И крвта со крв ја мажевте женевте.

Не се молете сега по шталите,пред вашите племенски богови
Се јававте,не цивкавте,само проштални крикови пуштавте
И сега како призраци,го барате рамномерното течение на животот.

Се беше темно и лилаво,додека небесата воздивнуваа
Неземскиот пекол го гореше и пурпурниот цвет
Тие што се надеваа беа проколнати,тие што знаеа беа благословени.

А покајанието го бранеше правото на живот.





Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...