четвртак, 18. август 2016.

Исконски Болскот



Не е тајна веќе
Беше тишина
Поинаква од сите други тишини
Од месечината потече миросано млеко
Очите почнав да си ги замивам
И зачудо, можев  да видам што се случува и под земја
Во првиот миг
Кожата малку зелена ми стана
И две три коски пукнаа
Ама сега и селските петли кога се будат ги наслушнувам
Иако спиам тогај
И шумолот во крвта бука ми прави

Чудно
Сега стравот го гледам кај многумина
Во нивните душевни прегреани празнини се коти
Ако им кажам за ова
Ќе речат
Сум се родил во улава ноќ
Или налудничав ден
Некаги
Нека си ја цицаат крвта
Исто како што студениот ветер го цица мракот
Не се свесни
Како немите крикови им ја морничават кожата
И небаре насмевка даруваат
Само ги развлекуваат со скриен грч усните

Ако
Малку зашеметено  ќе воздивнам
И ќе ги оставам
Во претесната кожа која јадот им ја стега
Нека велмат кога се на колена пред олтар
Дека туѓиот скрб ги ничкосал и довел тука
Нека копнеат за чудо
Платено со литар масло.

Ако
Сега можам
А можеби и знам
Сенката да ја изменам
Да во тоа пално вретено од времето
Болката,чемерот и јадот ги препознава
И полумртвите дни
И мртвите ноќи
И без срам да ми каже
Да не џвакам тогај попусто
Бесцелни и  малку мувлосани надежи.

Ако пак вие некако здивите
Не ги стегајте тупаниците,ни пак не офкајте
Само загледајтесе во Животот
Со Исконскиот болскот во Очите
Од таму
Искрата ќе ви даде плод со светлина
Вие наречетего
Нов чекор.





Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...