субота, 13. август 2016.

Земјо Спружиме или Спржиме



Земјо,на места иловица,на места црвенејца
Со жедно зеленило на себе
Смириме од апежов,и бесов во прстиве смрзнати
Се заплеткав во густа пајажина на очајание
Само ревам во крвта,и неможам да се исправам
Кажими барем ти,што сум
Маѓесник со лита одежда,или избавител на кутри души
За кои во осои и присојници суви,вода пиев
Бараќи начин со млак ветер да сонувам од онаа страна на животот
Земјо,на места иловица,на места црвенејца
Мирисниме и кажи ми
Кого ќе го голтнеш
Кого ќе го спржалиш
Ако сум чедо Човек спружиме
Ако сум Чедо Ѕвер спржиме
Безредието во Песнопојците неможам да го следав веќе
И грнчари,и самарџии,и безделници,и улавошекнати
Алчнославни стануваат
Без никаква мисла во себе,од блудници и сакати ги корнат песните

Некои без срам,тврдеа модро млеко пиеле од ѕвездите
И со леунки во постела спиеле
Та тоа ти било Љубовта во колепката Човечка
И со пциите пцалаа,чудна молитва за упокоените
Молскавиците во клопче ги врзуваа,и врескаа во правта
Сребрени нишки,од очите исцедени пробаа да вадат
И водите,и облакот,и сите заоди не успеаа да ги заробат
Со чинки смрдени,и крст рѓосан

Скрбно ми е веќе да гледам
Темно сонце со темни луѓе без бели сенки на себе
Земјо,на места иловица,на места црвенејца
Можеби сум сенка од прав
Врзана со две нишки од Бесмртието
Ама ако моиве очи се наказание,испијги
И
Спружиме

Или спржиме.


Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...