недеља, 14. август 2016.

Четвртата Молитва




Доаѓа уште една долга темнина
А некој на Запад
Којзнае можеби чедо на зелената месечина е
Крвнички го закопува папсаниот ден,без да има плускавци на рацете
Би вриснал,но гледам  не е од нашиот род
Прозирни прсти има,и тајна напишана на челото
Наметка од стара мечка си префрлив
Вестителот спроти него го скамени
Расото на ветриштата им го подари
Само гласот му го оставил

Прослови,како сите дојденци кои не колваа горчини
Не рече,молчи и молчете,пеј и пејте
И со гласот ѕвездените ронки ги собра
Утробата на земјата со нокти ја отвори
Каде во оганот пишуваше
Од сето ова разумот ќе ви излезе побрзо од душата
Ликот човечки од тоа му стана
Четвртата молитва ја кажуваше.

Небесата уште пред седум столетија знаеа  што се случува
Надоаѓаа потоци,винските бочви ви ги носеа
Црните раса ви ги кинеа
А вие небаре сте од крстот симнати
Со вашата голотија,не трепереевте,пиевте и не скрбевте
И пак со крајот од очите по блудници гледавте
Во талогот на виното се прпелкавте
И грутката жедна и врела ја сторивте
Умира овој свет
Само облаците ќе се спасат
А ѕвездите ќе ве сожалуваат

Доаѓа
Навистина доаѓа
Уште една долга темнина






Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...