понедељак, 8. август 2016.

Ете Дојде



Птиците станаа одеднаш безгласни
Додека сенките ја чуствуваа болкта и под ноктите
Капките роси не сакаа да ги помилуваат
Кажуваќи им
Дека коренот на гревот така ќе останел мртов во мислите

Предавничкото засолниште во зелената магла се отвори
И ги праша
Зошто молчат,и глуждовите саде ги стискаат
Зарев гневноста што ви го дава повторно виденото
Ве засркна,и грчот во прстите ви го даде
Не сте кадарни веќе да се шегувате
Ајде не се клештете,само слушајтеја Трубата.

Во густините на небото се јави
Деветиот Ангел
Пееќи со крстовите и Светата Слава
И морничавеќи ги сите кои во темнината се криеа
Арената за вашите содомски игри веќе ја нема
Во бездните кладенци ќе рикнат
Земјата ќе пука од гревови
Смрта ќе ја барате,таа ќе ја нема
Попови и кардинали ќе се бунат
Со призрачности ќе се прегрнат
Очите,очите од сето ова ќе побелат за копнеж.

Јас не се крстам
Не се крстете и вие,залудно е
Стоиме сите пред големиот миг на Недежта
Ако пелтечите
Нова кошула нема да добиете
Оставетеја и насилната насмевка
Седумте Громови ќе ве спржат за тоа

Ете
Дојде
Човештвото да се подмлади
И повторно да се ороди

Со Небесните Русокоси Жители.


Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...