среда, 10. август 2016.

Олтарот на Ноќта



Честопати го имам тоа чуство дека сум само заскитан во оваа димензија на постоењето,и дека некаде пред мене,е границата на сите други вистински светови каде владее неприкосновено Љубовта,знам  патеката до таа граница,и покрај сите одења,постојано пропаѓа,прво нежно,исполнето со молк,а потоа...тресокот ги кине сите конци на светлината,оставаќи го мракот како поклон...
Знам,не сум тој истиот во целиот мрак кога тишината ќе започне да се развлекува се до крајот на една вселена,потоа продолжува во друга,и се така..се менувам,бидеќи единствено тоа е начинот да ги разберам ѕвездите и нивниот начин на комуникација..честопати кога го правам ова,Месечината малку сомничаво ме гледа,но сепак има разбирање,бидеќи и таа знае,дека така само ги собирам моите парчиња од душата,кои се распрскани насекаде..ќе праша некој,од кога е така..па тоа го знаат и Самовилите,..од денот кога мојата слепа верба се распрсна,тогаш и душата го следеше нејзиниот пример..со други зборови..мојата совест ме порази..и не ги читав добро знаците на небото..

Овде некаде пред мене е олтарот на ноќта,каде ги оставам сите реликвии кои ги носам,некаги,и утре повторно ќе затребаат..


Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...