понедељак, 29. август 2016.

Така запишале Наречниците




Ме прогонува и мене и мојата сенка
Со глогов кол
Таа,безимената
Која на главата има осум рогови
И која од вимето на ноќта цица црно млеко
Кога ќе се нацица плука отров
Труеќиги и полупапсаните спомени
Кои евеги се вудвосале во јадот

А толку копнеам
На некое место каде ќе стојам
На дланката да држам птица
исто како што правев кога бев дете
напати да се насмевнам
а напати мирисот на летото да го внесам во ноздрите

ме прогонува
и ќе ме прогонува се до смрта
како проклет дух кој се влечи по разјадена калдрма
ме прогонува
и ќе ме прогонува
оти таа е мојот грев од минатото

сето ова не е за смеење
ме прогонува мене и мојата сенката
таа безимнета
за која пишувале уште во дамнина наречниците.




Нема коментара:

Постави коментар

Чудото на Парадоксот

Ниту ќе се пробудиме,ниту ќе легниме да спиеме Но тука во парадоксот се е така подредено Наутро,излегуваме на Балкон чист воздух д...