субота, 15. октобар 2016.

Песната на дивите ветришта



Песната на дивите ветришта ги обзеде
И ги зароби сите поети кои не спиеа во денот
И кои не сонуваа во ноќта
Прво во пеколот ги седна
Со триста и еден грев го зароби
Пред нив непознатите зборови ги нареди
Од устите на млади блудници тие течеа
И им рече
Воскреснетеги сега да ве видам
И живот им дајте
Ако само драм мртвило во нив оставете
Ни една воздишка луѓето нема да пуштат по нив
Малку со камшикот поиграјтеси,и преданија сторетеги
Ете така бедните ќе бидат големи
А големи недостижни
Потајно чинете и ѕверства ако сакате
Но вашата песна и тогаш ќе биде бунтовна
Песната
Песната нека биде
И против крстот,и против црквата
И против кралот,и против царот
Песната нека биде очите на покорените
И тепихот на непокорот
Не се грижете
Ако на Велигден ве плукнат
А на Бајрам ве презрат
Со песната некогаш ќе му платите на животот
А некогаш ќе платите и со животот

Не се плашете кога резбарите во времето зборови
Ни пак кога ќе ве обесат на дива круша
Живите ѕвезди и тогаш ќе ве сакаат
И скрбот од кожата ќе ви го исмукаат
Бидете спокојни
Од вашите зборови
Сенките плашливо шепотат по темни сокаци

Навистина
Столетие цело ве дели од проклетата ноќ
Но вие чуството дека сте проклети секогаш на усните ќе ви биди
Соголени како брестовите и габерите сте
Ама сепак не ве налегнува стравот од пурпурноста

За рајот ли да копнеете
Та во крвта го носите
И кога клечите пред каменот на грешник непознат
И кога во постела со курва се валкате
И со испрекинати воздишки во утробите им ријате

Слава
Ах пуста останала
Оставетеим ја на бедниците
Кои смрта ги обеспокојува
Оставете им ја
На тие кои не се ни небото
Ни земјата,ни пред пеколот,ни пред рајот.











Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...