недеља, 02. октобар 2016.

Ѕвер



Кога го разбудив ѕверот во мене
Вие
Се божем исплашивте дека ќе ве раскинам
Но,сега
Кога ве гледам во вашите
Ѕверски очи
Јас сум вистински исплашен
И затоа
Ве молам
Тргнете го крстот што сте го ставиле
Пред вашите смрдливи јами во душите
И кажетеси сами на себеси

Дека сте поголеми ѕверови од мене.


Нема коментара:

Постави коментар

Драга Моја

Кога мирисот на тагата ќе го трнеш од клепките твои Драга моја Намини тогаш во старата биртија Ако заборави да те потсетам На ...