уторак, 11. октобар 2016.

Подајте и вие рака




Беше во почетокот на сета болка мрак
Мрак потоа и глувотија неподнослива
И некој,или некоја шепотеше немаш веќе будење
Знам го познав гласот
Без никакви соништа во себе,ни пак облаци над главата
Ветриштата свиреа околу
И долго
Долго разговараше со мене
Кинеќи ги сите нишки со кој бев врзан со ѕвездите
Правеќи така,кожата да ми е гробница сува
Се прпелкав,правеќи пукнатини
Зрееќи со волчји очи
Бараќи ја искрата која Дедо во крвта ми ја оставил

И

Бучавата која паѓаше од небесата ме ослободи
Оставаќи изглоданите карпи да се ронат со јадот залепен
Копнежот морничав испука пред заодот
Жената,не тоа беше сенка лелеава замина збифтаќи болно
Зелените магли испарија

И

Не бев веќе во забелот ладен
Каде имаше икони без ликови од светци
Ни пак ме мушкаше веќе црн рог од гнил ѓавол
Меаната правлива ја снема
Курвите
Кои на црн камен седеа,од мене со липтеш се простија

И

Реков и на себеси и на другите
Не сум улав  безумни и дрипави скитници да дружам
Немам време лажни пророци да слушам
Нема веќе папукот да го чепкам,на сенки попара да им правам
И во матна светлост да ослепувам

И

Ете
Пепелиштата од грбот ги туркам
И
Со леснотија сега
Јас ви подавам рака
И
Ако навистина ја почитувате Светлината
Подајте и вие рака.





Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...