понедељак, 10. октобар 2016.

Да сум капка дожд

Бидеќи со секој поминат ден Поетското творештво на Авторот кој објавува под името Мирисот на Нането е се подобар,ја објавувам неговата песна

Да сум капка дожд
да се лизнам по лицето твое 
да ми те љубам
капка по капка...
милиметар по милиметар од твоето лице
на усните да се задржам
капка по капка да ми те појам
кожата да ми ти ја наежам
така мазно да ја разнежнам
живот неа да и дарам
најубавиот дар мој
да ми ти го посветам..
...
Да сум капка дожд
Од небото подарена
Ти сонце би била
Би се прелевал јас
Во бои виножитни
Живот јас би носел
Тебе би го подарил
...
Да сум јас капка дожд
Ти би сушна земја била
Би те наводнал
Би те напоил
Да најмиризлив цвет
Од допирот мој и твој
Би израснал
Светот би го обоил
Со боите виножитни
....
Да сум јас капка дожд
Солзите би ги разблажил свои
Да те плачам ...да ми те солзам
Душата ми низ очите да протечи
Водичката... си тоа ти
Во очите мои што светиш
Срцево што ми те лачи
Очиве ми ... што ми те плачат
Виножитно преливајќи се...

Мирисот на Нането


Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...